Битката против корупцијата, за која Заев нема капацитет, е најбитна за Македонија да напредува кон ЕУ, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, во разговор за Канал 5.

Николоски истакна дека е потребна Влада на национално единство, а според него треба да има и предвремени парламентарни избори, бидејќи Заев, како што вели, нема капацитет да води битка против корупцијата.

Заев нема капацитет да води битка против корупцијата која е најважна за напредок кон ЕУ, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој додаде дека потребна е промена на власта веднаш. Според Николоски, лошо е условувањето со Бугарија. Тој вели дека 90 отсто од проблемите кои ги имаме се дома, и прво треба да се решат тие. Тука како пример ја посочи корупцијата.

Николоски изрази незадоволство од премиерот Заев бидејќи нема доволно средби со западните лидери.

Зоран Заев немал средба со премиер на западна држава уште од пред аферата „Рекет“, а од тогаш има поминато повеќе од една година, заврши Николоски на гостувањето на Канал 5.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.