Процесот за рамковните вработувања ако мене ме прашувате ќе го завршам уште утре, но тоа е процес кој веќе е започнат и не треба да зборуваме сега во време на пандемија, истакна Фатмир Битиќи, вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции.
Процесот е започнат и сметам дека денеска не треба да зборуваме во време на пандемија, во време на загрозеност на секое едно работно место, за црни сценарија. Ќе го преминеме овој период и мислам дека во првиот ден кога ќе дишеме слободно без маски, ќе почнеме да зборуваме за решавање на тој горчлив проблем што сите го зборуваме веќе неколку години – рече Битиќи при неговата денешна посета на компанијата Хај Тек Корпорејшн.
Тој потенцираше дека и приватниот, а и јавниот сектор бара луѓе кои се продуктивни, ефикасни и ефективни.
Ефикасни да бидат навремени со своите услуги, да даваат квалитетни услуги – тоа е ефективност, и продуктивност, значи да одработат тоа што ќе им биде дадено за задача. Ако луѓето без разлика по кој основ се вработени и ги исполнуваат овие критериуми, ќе најдат работно место и во јавниот и во приватниот сектор. Денеска бевме сведоци во една компанија којашто нема вработени само од еден етникум. Етникумот не е прашање, туку прашање е квалитетот на луѓето коишто можат да одработат, коишто можат да дадат вредност во оваа компанија – изјави Битиќи на новинаркско прашање.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.