Вицепремеирот за економски прашања, Фатмир Битиќи, на прес конференција порача дека ставот на Владата е дека се уште не е дојдено времето за воведување полициски час и дека мерките кои се донесени од здравствен аспект даваат резултат.
Битиќи, сепaк, додаде дека ја следат здравствената состојба и по препораки од Комисијата за заразни биести ако е потребно ќе реагираат.
Економските последици се поврзани со полицискиот час. Колку го кратите времето на работење на економските субјекти, толку повеќе се очигледни загубите. Кажавме дека соодветно ќе одговориме со економски мерки доколку има потреба заради здравствената криза. Се што е испланирано до крајот на годината го реализираме, повеќето од законските одредби се поминати во Собрание, а некои се во постапка. Сметам дека до крајот на годината сме покриени од аспект на економските мерки за сузбивање на ударот од економската риза на Ковид-19 – изјави Битиќи во одговор на прашање.
Тој посочи дека евентуалното зголемување на минималната плата не мора да значи дека ќе има адекватни буџетски импликации, бидејќи, како што рече, минималната плата се аплицира не само во јавниот, туку и во приватниот сектор.
Ја следиме состојбата. Прв приоритет ни е здравствената состојба, а кога ќе помине и ќе почнат нормалните текови на живеење ваките теми ќе дојдат на ред. Мислам дека првата половина на 2021 година ќе биде со фокус на здравствената криза и последиците од неа, а при крај на првата половина од наредната година ќе можеме да се фокусираме и на други теми – изјави Битиќи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.