Вицепремиерите Никола Димитров и Фатмир Битиќи, како и министрите Бојан Маричиќ и Горан Милевски денеска се вакцинираа против ковид-19 во „А1 арената“ во спортскиот центар „Борис Трајковски“, по што апелираа граѓаните масовно да се пријават и да се имунизираат.
Се вакцинираат јавно за, како што рекоа, да испратат порака дека вакцините се патот за победа над пандемијата.
Вицепремиерот Битиќи рече дека неговата приказна била малку поинкава, зашто пред само шест месеци се борел да ја преживее болеста.
Пред неполни шест месеци, на 200 метри одовде, лежев повеќе од 11 дена на работ на мојата егзистенција и заради здравствените работници денеска имав можност да го направам тоа што треба да го направи секој еден граѓанин. Во нивно име сакам да им кажам на сите наши граѓани, пријавете се на vakcinacija.mk затоа што тоа е спасот, рече Битиќи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.