Потпретсдедателот на СДСМ Фатмир Битиќи денеска беше во Кичево, каде во рамките на караванот “Најдоброто за нашата општина” тој оствари непосредни средби со граѓаните и се обрати пред присутните на маалската средба.

“СДСМ во континуитет е со граѓаните и затоа преку овие засилени теренски активности во наредниот период пред вас граѓаните истапуваме отворено и чесно да говориме за се она што досега го направивме и реализиравме на централно и на локално ниво но и да чуеме од вас што е најдоброто за вас и вшата општина. Владата на СДСМ им помогна на  општините да ги вратат наследените долгови. Секоја општина доби неповратни средства за да покрие 51% од пријавените долгови. Општините добија на располагање 3 милијарди денари или 50 милиони евра. Во тек е имплементација на проектот за поврзување на локални патишта, односно изградба и санација на локални патишта и улици во општините.

Завршен е патот Колари – Кичево, привршува изградбата на автопатот Кичево –Охрид како и патната делница Кичево-Македонски Брод. Се реконструираат и регионалниот пат Букојчани-Кичево, како и давата крака на улица Струшка. Во тек е изградбата на гасоводната линија Кичево – Охрид.

По долги години се градат градинки се реконструирааат училишта. Кичево доби нова градинка со капацитет од 120 дечиња. Реконструирани се и опремени и неколку училишта. Како никогаш досега вложуваме во здравствениот систем, модуларната болница во Кичево и доградбата и надградбата на ЈЗУ Здравствен дом Кичево ќе го унапредат квалитетот на здравствените услуги за кичевчани”, истакна Битиќи.

Нашата цел, нашата политика е во насока на унапредување на кавалитетот на живот на сите граѓани, на секоја општина. Вложувањата во човечкиот капитал се приоритет во програмите на СДСМ, тоа и го покажавме во изминатиот период, затоа довербата во СДСМ постојано расте, затоа СДСМ е најдоброто за секоја општина, затоа СДСМ е победникот на предстојните локални избори.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.