Господинот Максим Димитриевски сам се исклучи од партијата, но не можам сега да прејудицирам со резултати, вели потпретседателот на СДСМ, Фатмир Битиќи во гостувањето на ТВ Телма.

Според него, Димитриевски не ја почекал одлуката на ИО на партијата и затоа самиот се исклучил.

Очекувам победа на СДСМ во Куманово во вториот круг. Исто така според моите последни информации од партијата водиме во скопските општини, потенцира Битиќи.

Тој нагласи дека во Желино ќе имаат три советничка места, што е новина со оглед на тоа дека партијата пред некое време формирала своја организација во општината.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.