Вицепремиерот за економски прашања и потпретседател на СДСМ, Фатмир Битиќи вечерва информира дека СДСМ има мнозинство во Собранието со сите прогресивни сили.
Се окрупнува мнозинството и новата влада ќе биде поголема и постабилна од таа што беше. Не можам да прејудицирам со бројки. Не е битно дали се 64, 65 или 67. Тврдам дека ќе имаме стабилно мнозинство, што понатаму ќе владее до крајот на мандатот, рече Битиќи во емисијата „24 анализа“.
Според Битиќи, многу пратеници сфатија дека земјата нема време за губење.
Левица е прогресивна партија, но тие сфаќаат дека можеби одредени периоди нивниот национализам и деструктивност им носи политички поени и затоа така се однесуваат како што е во моментов, вели Битиќи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.