Зоран Заев не е добар човек, бидејќи добар човек не ги фотографира оние на кои им дели хуманитарна помош, ова претставува класичен изборен поткуп, рече денеска Сафет Бишевац во „Само вистина“.
Тој додаде дека СДСМ ја злоупотребува кризната состојба за да оствари полирички поени.
Oваа држава мора да има слободни фер и демократски избори, со апсолутно подеднакви шанси и услови за сите кои учествуваат на изборите. Не смеете и не можете да фаворизирате било кого и било кој да се фаворизира. Тоа е причината поради која Пленковиќ оди на избори на 21 или 28 јуни и уште повеќе тоа е причината поради која Александар Вучиќ оди на избори во Србија сега, за да го искористи практично моментот и она што демек е сработено во битката со коронавирусот. Секаде во светот во кризни состојби природно луѓето се собираат околу она што во моментот е водство, рече Бишевац.
Прашањето, додава, е дали тоа ќе го злоупотребите за да остварите политички поени, демек „сега му е мајката да одиме на избори“.
Со предизборен поткуп, со делењето на хуманитарна помош која и ден денес велам дека е срамота за секој оној кој однел хуманитарна помош и тоа се сликал на Фејсбук, тоа е срам за оној што се сликал. Два пати ја стигматизираш жртвата, еднаш затоа што е во таква животна состојба што нема доволно за јадење практично и втор пат кога го покажувате со лик. Тоа не го прават добрите луѓе. Второ со делењето на хуманитарна помош, Зоран Заев покажа дека не им верува на институциите на оваа држава, не и верува на власта која тој ја предводи. Тие пари кои што сакал да ги донира требало да ги даде во црвениот крст, вели Бишевац.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.