Поранешниот пратеник Сафет Бишевац оценува дека случајот Рекет ќе одземе дел од гласовите на владејачката СДСМ, Бишевац. Според него, овој случај е производ на едно владеење.
– Апсолутно ќе има влијание и треба да има влијание. Рекет е производ на едно владеење. Очигледно е дека институциите без разлика какви се дали урнисани или не, не си ја работеле работата како што требало, па макар и во најмал облик. Невозможно е да очекувате да створите една таква атмосфера фрлајќи ја вината само на две личности, од кои едната е симбол на надеж и право и правда во државата. Второто кое што сметам дека ќе има сериозно влијание во губење на рејтингот на власта иако тоа ни стана секојдневие е што сериозни политичари не може да си дозволат да велат, денеска одлуката за преименување на училиштата во Чаир е незаконска и да ги повикуваат институциите да ги поништат, а утре преку Фејсбук статус ќе изјавите дека се направени темелни проверки на правни тимови и дека одлуката е законска. Сериозен и одговорен политичар ако не го знае одговорот тогаш ќе кажа ќе проверам, ќе видиме, ќе одлучиме и ќе го соопштиме ставот, а не вака, додаде Бишевац
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.