Сафет Бишевац во вечерашното гостување на телевизија 24 рече дека во случајот „Рекет“ е вмешана и политиката како моќ, не е само Катица Јанева.

Немојте да ме убедувате или јас треба некој да убедувам дека Катица Јанева е врвот на таа пирамида и дека таму нема политичка моќ. Не велам дека е Зоран Заев, но секако има политичка моќ на која таа претендирала, ја ползува, ја користи во тоа што го работи заедно со Боки 13. Таму е вмешана политиката како моќ – рече Бишевац.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.