Апсолутно сум убеден дека СДСМ нема да биде победник на овие избори, дека нема да ја формира следната влада, вели новинарот и аналитичар Сафет Бишевац во гостување во емисијата „Само вистина“ на Канал 5.

Во однос на реформите на владата на Зоран Заев и СДСМ во изминатите три години, Бишевац смета дека тие се катастрофални.

-Од реформите кои што ги бараше Прибе не е исполнето ни П. Значи реформите на Прибе се нула, реформите во здравство нула, реформите во образование катастрофа, посочи Бишевац.

Бишевац очекува од следната влада да започне со градење на државата онаква каква што заслужуваат и очекуваат граѓаните.

-Од следната Влада очекувам да почне да ја гради оваа држава на начин на кој очекуваат граѓаните, изјави тој



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.