Работава со законот за ЈО е веќе видена работа, исто како со законот за СЈО, кој се носеше во 5 до 12. Парламентот не е парламент туку гласачка машинерија на одлуките кои ги носат нивните лидери. Безлична амортна партиска маса, смета поранешниот пратеник Сафет Бишевац.

Во ваков хаос кога мора да се донесе законот за ЈО и да ја користите меѓународна заедница, мислам на примањето на амбасадорката на осумте пратеници, не носи добра слика за владејачкото мнозинство, вели Бишевац.

Во однос на законот за ЈО, според Бишевац битката е за секој глас на изборите на 12 април. Тој смета дека не би било принципиелно и би било голема шлаканица за претседателот на државата, Стево Пендаровски доколу на 12 февруари не се распушти Собранието и на 12 април да нема избори.

Ако сте потпишале нешто дека ќе биде, тогаш тоа мора да се случи, тоа е показател на сериозни политичари и одговорност, вели Бишевац.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.