Гласањето преку биометриска идентификација или отпечатоци од прсти, ја елиминира можноста за злоупотреба на гласови, семејно гласање или гласање за други лица, смета Субхи Јакупи, поранешен заменик-претседател на ДИК.

Гласањето преку биометриска идентификација обезбедува кредибилитет во изборниот процес, спречува семејно гласање и гласање за други лица. Сметам дека ДИК, како институција одговорна за организирање на изборите, во соработка со други институции што треба да обезбедат податоци, треба да работи и да ја обезбеди потребната опрема за следните избори, вели Јакупи во изјава за „Слободен печат“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.