Според аналитичарот Мерсел Биљали не треба да трошиме време на минатото, туку би се насочил кон Мини шенген.

ЕУ има многу проблеми сега, имаме и дијаметрални разлики меѓу исток, север и југ, Полска, Словенија, Ковид – буџет, Брегзит. Во сите овие проблеми ЕУ не верувам дека е толку загреана за нас да нè прими. И ова мислам дека не е оригинално, бугарско, има опции дали некој некому нешто му ветил, бизнис структури. Ние не треба многу емотивно тоа да го прифатиме. 25 години ловиме вештерки, имавме неодговорни политичари. Трошиме време на минатото. Јас би го занемарил проблемот, би се насочил кон Mини шенгенот. И тоа што претседателот го кажа, членство во ЕЕЗ со нејзино посредство земји стануваат челнки на ЕУ. Ако тоа ни било понудено, тоа значи 70% членство, рече Биљали во Студио 10 на ТВ24.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.