Лидерот на Беса, Биљал Касами пријавил во полиција исчезнат пратеник. Тој попладнево во МВР пријавил дека го нема пратеникот Кастриот Реџепи. Претходно Касами изјави дека последните случувања со пратеникот Кастриот Реџепи докажуваат дека власта е спремна на сѐ за да остане на овие позиции.
Се додека не го видам и слушнам пратеникот, се сомневам дека тој против своја волја го напишал тоа и не може да дојде во Собранието и да се искаже за својата политичка позиција.Се додека не излезе да каже дека ова е негов доброволен став, јас како човек и како претседател на Беса имам право да се сомневам дека тој против својата волја се држи некаде и не може да дојде во Собрание ниту да излезе пред јавноста да каже дека ова е негов доброволен став, рече Касами на прашањето дали се сомнева дека Реџепи е присилен да ја смени позицијата – рече Касами.
Што предвидуваат законите доколку има сомневање дека лице/ пратеник е однесен некаде против своја воља
● Пријавување на исчезнато лице
За да пријавите исчезнато лице, треба да посетите полициска станица или кога тоа е невозможно, договорете полицијата да ве посети вас. Исто така можете да побарате од полицијата да договори за преведувач.
Не мора да чекате 24 часа за да пријавите исчезнато лице- можете тоа да го пријавите веднаш ако имате тековни грижи за безбедноста и благосостојбата на било која личност. Не е прекршок за некоја личност да исчезне. Кога ќе поднесете извештај за исчезнатото лице на полициjата ќе му помогне ако можете да ги понесете следните информации:
•Последна фотографија од исчезнатото лице
•Телефонските броеви на исчезнатото лице
•Листа на имиња, адреси и телефонски броеви на пријатели или соработници
•Највозможни места како омилени места, работни локации или места со поранешни врски
•Било какви познати медицински информации вклучувајќи имиња на доктори или лекарства кои им требаат
•Целосен опис на исчезнатото лице вклучувајќи висина, тежина, боја на очи и коса и било кои други препознатливи карактеристики
•Негови/нејзини детали од банка
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.