Генералниот секретар на БЕСА, Арјанит Хоџа, вели дека во партијата се убедени оти нов градоначалник на Тетово ќе биде нивниот лидер Биљал Касами.

Движењето Беса влегува консолидирана како партија во изборната кампања. Задоволни сме од досегашните активности. Беса покажа дека може да биде сериозна политичка партија. Ние очекуваме победа во повеќе општини, а најголемата победа ќе ја оствариме во Тетово, каде што иден градоначалник на Тетово ќе биде Биљал Касами – порача Хоџа на ТВ 21.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.