Нема голем интерес на луѓето, сите анализи покажуваат дека нема загреаност за изборите, процентот на луѓе и гласачи кои се уште не се определија или нема да гласаат за ниеден е над 53. Огромен број на луѓето не се среќни. Луѓето се опаметија, ако политичарите може да лажат на крупно, граѓаните ќе лажат на ситно. Градот Скопје е клучен. СДСМ нема шанси да добие таква бројка на градоначалници какви што имаше. Ако опозицијата го добие Скопје, може да повика на предвремени парламентарни избори. За мене не е важен исходот од изборите ако не гледаме разлика во понудите. Луѓето веќе казнуваат. Не гледам последниве години политички субјект кој има сериозна анализа на која ќе се нафатат бројни гласачи, луѓето повеќе гласаат од инает – вели Мерсел Билали, универзитетски професор во Студио 10 на ТВ24.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.