Лидерот на Беса, Билал Касами, нема да присуствува на средбата по повод годишнината од потпишување на Рамковниот договор, организирана од претседателот на ДУИ, Али Ахмети.
Во соопштението на Беса се вели дека тие се за воспоставување нов модел на средби на парламентарните политички парти на Албанците, односно тоа да се случи по формирање на новата Влада.
Движењето Беса уште еднаш го потврдува својот принципиелен став да воспостави еден модел кој ќе воведе правила дека средбата на албанскте парламентарни парти ќе се реализира после формирање на новата владата, за албанските парламентарни партии во владата да се обврзат со одговорности за реализација на прашањата со голем интерес за Албанците. Исто така, пред завршување на мандатот на албанските политички парти во владата, тие да дадат отчет за реализација на прашањата за кои заеднички се договарале – велат од Беса.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.