Можете да нè тужите, судите, неправедно обвинувате ама нашиот производ е вистината, тоа е она кое „Инфомакс“ го нуди на пазарот, ние не знаеме како да работиме да ви го сокриеме валканот веш. Ние не сме од оние кои што ќе ви зборат по митинзи, кои ќе ви кажат „топ си шефе“, многу или малку си му земал, порача уредникот на порталот Александар Митовски.
Утре ме чека ново судење, судење за оддавање службена тајна иако во мојот живот никогаш не сум бил вработен во обвинителство, суд или било која друга правосудна институција. Причината е наводно објава на исказ на оштетениот во случајот „Рекет“. Ама реалноста е дека јас сум во суд, бидејќи Орце Камчев во моментот кога давал исказ пред судот сметал дека Зоран Заев е оној кој ги предупредил Бојан Јовановски и Зоран Милевски Кичеец дека рекетот е пријавен, како што впрочем и пред некој ден потврди најбилскиот соработник на екс премиерот Бојан Маричиќ, вели Митовски.
Тој ги повикува сите медиуми и медиумски работници утре барабар со него да застанат пред судот каде по завршувањето на рочиштето, кое започнува во 11:30 часот, ќе даде изјава.
Бидете тука бидејќи не се знае кој од вас следен ќе му стапне на нога на „шефо“, порачува Митовски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.