До разочараните членови на СДСМ, оние на коишто вистински им значи Македонија и кои знаат дека корупцијата и криминалот не се работи кои се оправдуваат.До оние кои што чекореа по овие улици и вистински се понадеваа дека ќе се изборат да има правда и да има мир. Но, знаат дека ниту правда се донесе, ниту мир се постигна, а воедно Заев ги предаде сите идеали во кои веруваа. Не е ова СДСМ на кое се надеваа, ова е Зоран Заев кој што нив ги измами.
Сега е моментот кога треба да бидете доследни на она во што верувате, бидејќи живот без идеали е како куќа без темели, а што е животот во Македонија, ништо, дрво без корен. Сѐ да имаме, Македонија ако ја немаме, исто како ништо да сме немале!



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.