Кулминацијата со лошото менаџирање и набавувањето на вакцините се случи уште еднаш во Македонија, каде што владата предводена од Зоран Заев е подготвена дури и на сметка на здравјето на граѓаните да се бори за својот спас, пишува новинарот Џовани Каподистрија, кој за италијанскиот весник „Ла верита“ открива „докази од контактите меѓу Македонија и Пекинг, кој ја напуштил зделката плашејќи се од измами“.

Што е тоа што го исплашило научно-економскиот џин Кина во комуникацијата со двомилионската Македонија? Зошто официјален Пекинг ни ги нејќе ни парите, па го врати авансот за вакцините? Легитимно е да ѝ се упатат илјадници прашања на Владата на Заев, нему лично, на неговиот министер за здравство, но и на неговата министерка за одбрана, која признанието дека Кина ги трга рацете од Македонија го сметаше за врвна транспарентност.  

 

Иако во јавноста премиерот и министерот за здравство излегуваа со различни, најчесто контрадикторни изјави, дека побарале, па не побарале вакцини од Русија, Кина, па се повикуваа и на членството во НАТО и аминот од Алијансата, „Ла верита“, дојде до две писма од министетот за здравство Венко Филипче, коишто уште еднаш го демаскираат македонскиот премиер.

Првото писмо докажува дека министерот Филипче испратил барање до кинескиот Синофарм дури на 25 декември 2020, додека уште едно второ писмо од 25 јануари вели дека министерот дури и би ја ослободил Кина од било какви негативни ефекти од вакцината. Ова го потврдува притисокот на балканската влада за финализирање на договорот. Заев призна, подоцна, дека се обратил до Пекинг, но на крајот на февруари комунистичкиот Пекинг му го вратил авансот. Причината за ова, според извори на Ла Верита, е тоа што зделката требало да се одвива преку фантом фирма со седиште во Хонг Конг, која е наведена исто така во сите официјални писма на министерот.

Фактот што приватна фирма, која според првични анализи нема стабилни темели, но има доволно средства депонирани во германската Дојче банк, била вклучена од страна на македонската влада во посредувањето, оставило сомнеж на официјален Пекинг дека можеби се наоѓаат пред обид за измама, и тоа донело до поништување на процедурата, пишува „Ла верита“.

На крајот од денот, Кина се држи до принципот на директно управување со помошта и провизиите со владите, уште од почетокот на пандемијата. Уште едниот потенцијален обид за корупција извршен од мрежата на Заев, дури и на сметка на здравјето на граѓаните, овој пат се судри со тврдоглавоста на комунистичкиот кинески режим, коментира весникот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.