Пратеникот од редовите на ВМРО – ДПМНЕ кој е и претседател на собраниската Комисија за избори и именувања, Илија Димовски изјави дека лудост е да се мисли дека без одлука на Собранието, Советот на јавни обвинители може да назначи в.д. на местото на специјалната обвинителка Катица Јанева.

Според него, добро е што Советот покажал отпор на притисоци од различни центри на моќ и дека почнала постапката за разрешување на Јанева.

Како што додава тој, денеска во Собранието се очекува да стигне извештајот на Советот на јавни обвинители, а во моментот кога ќе го добијат ќе пристапат под итно во насока на забрзување на постапката.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.