На телевизија Клан ѝ беше доволено да влезат и да ја снимат состојбата што се случува на Инфективната клиника, каде што се третираат пациентите со ковид-19.
Бев болна и претходно, но коронавирусот значително ми ја влоши состојбата. Бев во кома, а сега сум многу подобра. Верувајте коронавирусот постои, вели една од пациентите која е хоспиталзиирана на Инфективната клиника во Скопје.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во изминативе 24 часа примени се 2 пациенти, хоспитализирани се вкупно 45 пациенти. Потешко болни и на кислородна поддршка се 16 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
Вкупната бројка на дијагностицирани со ковид во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2 315, бројката на оздравени пациенти е 1 569, на починати е 140. Во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 606.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.