Компанијата „Бест Веј Инвестмент“ која донираше 5.300 теста за ковид-19 вели дека се помош за граѓаните.

Основното начело на брендот е “Создаваме трајни вредности”, а ние во овој момент сме убедени дека трајна вредност е солидарноста и хуманоста. Здравјето на нашите граѓани е приоритет на Best Way Investment и затоа одлучивме да набавиме и да донираме 5300 најмодерни тестови кои според здравствените експерти од САД се едно од најмоќните оружја во втората фаза од битката против корона вирусот, односно постепеното реотварање на економијата. Тестовите кои ги произведува компанијата Abbott се последниот збор на науката, а Македонија ќе биде привилегирана да биде една од првите земји кои ќе ги добијат.

Сакаме да нагласиме дека станува збор за донација за Македонија и граѓаните, а не за донација или помош на министер и политичар.

Истите наслови кои излегоа во неколку медиуми се погрешни. Тестовите се помош за граѓаните, велат од „Бест Веј Инвестмент“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.