Асоцијацијата на Ивент Индустријата ИВАП, основана во 2020 година од повеќе компании вклучени во индустријата за организација на настани, рентал компании, видео-аудио продукции, реагира кон последните случувања во дел од угостителските објекти каде очигледно и бескрупулозно се кршат сите протоколи и препораки за заштита од Ковид 19.
Прашуваме, како е возможно да се дозволат овие музички настани, зошто не се спречени за да се намали евентуално ширење на вирусот туку отпосле се пишуваат казни и се поднесуваат кривични пријави за кои никој од нас не знае дали имаат завршница? Дали Владата е свесна дека со премолчувањето и несанкционирањето на ваквите појави директно влијае на уништување на цела една индустрија во државава, а тоа се организаторите на
настани, промоторите, културните работници? Зошто Владата и надлежните доволуваат за некого да се мајка а за некого маќеа? По кој член од протоколот за организација на настани работат угостителските објекти? Зошто на културните настани е дозволено само седење и со 30% исполнетост на капацитетот а во угостителските објекти овие правила не важат? Имаме право, како Асоцијација да знаеме како се исплатени хонорарите на странските артисти
кои настапуваа изминатиов период и дали и каде е платен персоналниот данок? Дали се пријавуваат влезници за настаните и дали за нив е платен ЗАМП од 10%? Дали и како се продаваат влезници и дали за нив е платен ДДВ од 18% Дали и колку се издаваат фискални сметки на пијалоците за време на овие настани? Дали угостителскиот сектор, кој Владата го декларираше како најзагрозен станува најзагрозувачки?, прашуваат од ИВАП.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.