Италијанскиот весник „Ла Верита“ денеска објави уште едно видео кое е трето во низа од случајот Рекет во кој Боки 13 изнуди 1,5 милиони евра од Орце Камчев.
Во ова трето видео Боки 13 и Катица Јанева го убедуваат Орце Камчев дека ќе биде ослободен и дека Лиле Стефанова ја има под своја контрола.
Италијанскиот новинар во својот прилог го споменува и познанството на Боки 13 со премиерот Зоран Заев, а во видеото Боки 13 му потврдува на Камчев дека он ќе му „Замачка“ очи.
На 17 минутата од видеото со времетраење од 27 минути, Боки ги спомнува иницијалите З.З., дека тој бил присутен, на што Камчев со одобрување кажува дека тоа е добро бидејќи Боки за нив ја играл играта и потврдува дека З.З. за него немало да прави проблем.
Од видеото слушнете го разговорот од 17 минута:
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.