Од четири кривични пријави поднесени против Беса Транс за непочитување на ковид протоколи три се завршени а еден предмет е активен, велат за Телма од Кривичниот суд.

Обвинителството поднело две пријави и пресудите се вкупно 4 илјади евра казна за фирмата и 300 илјади денари за сопственикот и управител.

Државниот инспекторат за транспорт исто така поднел две пријави од кои една е завршена и казната е 500 евра за сопственикот и две илјади евра за фирмата.

Предметот не бил завршен за втората пријава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.