Лидерот на ДУИ, Али Ахмети во изјава за „Слободен печат“ вели дека не може да отпадне Договорот на ДУИ за „100 дена Албанец премиер пред парламентарните избори“, доколку Зоран Заев ја реализира оставката.

Договорите не се направени за да се укинат според моментални желби. Ништо нема, ниту е разговарано и оспорувано прашањето за договорот. Но, ние зборуваме за следните чекори како да се надмине оваа емотивна одлука на Зоран Заев и ќе работиме заедно за да најдеме најодржливи решенија. Имаме пишана и документирана спогодба. На заедничката конференција со Зоран Заев ова прашање беше потврдено усно, но и во заедничката интерна изјава што се потпишува меѓу партиите. Но, тоа го потврдивме и на прес-конференција, а на новинарското прашање не одговорив, туку му се обратив на Зоран Заев, и тој одговараше за ова прашање. Дебатата е повеќе дневно-политичка, отколку суштинска – изјави Ахмети.

Зоран Заев  пак не сакаше да коментира за она што го догориле со Заев пред последните парламентарни избори како услов ДУИ да ја поддржи владата.

Усниот доовор меѓу Заев и Ахмети не мора ништо да значи. Она што е ставено во Законот за влада се стотте дена техничка влада согласно Договорот од Пржино. Но, таму не стои дека техничкиот премиер што го номинира партијата на власт  треба да биде Албанец.

Тоа останува на волјата на СДСМ, како партија, односно коалиција која  се уште има мнозинство во Собранието.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.