Беса ги повикува гласачите да ги поддржат кандидатите на Алијанса за Албанците и обратно во вториот круг на локалните избори кои треба да се одржат в недела, на 31 октомври.
Анализирајќи ги најновите случувања на политичката сцена, како и старо-новата коалиција меѓу ДУИ и ДПА, за вториот круг од локалните избори наметнува јасен став на Движењето Беса против старите политики на овие две политички партии кои без никаков принцип и против волјата на своите гласачи се принудени да соработуваат само за да се заштитат едни со други . Затоа во вториот круг од локалните избори сите гласачи на Движењето Беса да ги поддржат кандидатите на Алијанса за Албанците и со тоа да помагаме во политичкиот пораз на ДУИ и ДПА“.
Ова денеска на прес конференција го истакна генералниот секретар на Беса, Арјанит Хоџа.
Тој додава дека бараат од Алијанса за Албанците реципрочно да ги повикаат своите граѓани да ги поддржат кандидатите на Беса.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.