Со оглед на фактот дека Движењето Беса во текот на овој период е претставено како мошне сериозен политички субјект и со транспарентен пристап низ целиот процес на Македонија кон евроатланските структури, и со оглед дека овој процес може да се оштети ако се создаде нова криза во институцијата Претседател на државата, Движењето Беса како еден од главните опозициски политички актери, апелира до сите гласачи на Движењето Беса, односно граѓаните, на 5-ти мај да излезат и да го искористат правото на глас, почитувајќи ги нивните индивидуални убедувања. Важно за Движењето Беса е Македонија да избере претседател, а не да создаде нова институционална криза која ќе ги забави интегративните процеси на земјата кон НАТО и ЕУ – се огласи БЕСА преку соопштение.

Исто така, поради делегитимирањето на албанскиот политички фактор во владата, и покрај изборниот епилог на 5 мај, Движењето Беса бара од парламентарното мнозинство веднаш да ги распише предвремените парламентарни избори со тоа политичката реалност на застапеноста на Албанците во Македонија ќе се одразува и со мандатите на албанските пратеници во Собранието – повика БЕСА.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.