=Мали се шансите кон коалицијата на СДСМ и Беса да се приклучат и Алијансата за Албанците и Алтернатива – двете партии кои неодамна исто така постигнаа договор за заеднички настап на парламентарните избори. Тоа е оценката на Kастриот Реџепти, потпретседателот на Беса, кој во гостување во „Утрински брифинг“ вели дека проценките се дека коaлицирањето со СДСМ ќе им донесе повеќе мандати и на двете партии.

„Ние секогаш се залагавме за коалиција која ќе донесе промена, да донесе максимализација на потенцијалот на нашите поддржувачи. Што се однесува до можноста за приклучување на други партии, сметам дека тие треба да одговорат. Мислам дека, со оглед како се позиционирани, тешко дека ќе има предизборна коалиција“ вели Реџепи.

Претседателот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, ја нарече деновиве коалицијата на СДСМ и Беса политичка авантура, која не им оди прилог на Албанците и на решавањето на нивните проблеми. Албанскиот глас, според него, треба да оди кај албанските партии.

Ставот на досегашните партнери на СДСМ – ДУИ, е исто така во насока на тоа дека коалицијата СДСМ-Беса значи дефакторизација на албанскиот глас, додека социјалдемократите се надеваат дека овој предизборен сојуз ќе им донесе над 61 мандат, како брана од евентуални уцени и условувања при формирањето на идната влада и при проширувањето на владејачката коалиција.

осле



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.