Беса е навредена од ултиматумот на лидерот на Алијансата за Албанците Зијадин Села за предизборна коалиција со Алтернатива. Тие се незадоволни што Села им даде рок од 48 часа да се изјаснат дали прифаќаат.

Проблемот за оваа коалиција да се официјализира е нетрпеливоста помеѓу Беса и Алтернатива која кулминираше летото кога Африм Гаши си направи своја партија. Дополнително, интерните анкети покажуваат дека Алтернатива подобро стои од Беса, што не беше случај на последните парламентарни избори кога Беса беше вистинско изненадување.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.