Пратеникот на Беса Кастриот Реџепи ја коментираше можноста за широка влада најавена од премиерот Зоран Заев и рече дека не гледа причина за таква влада.
Не гледаме причина за широка влада за која пред два дена зборуваше Заев. Таква влада треба само кога има криза. Засега мнозинството е стабилно, рече Реџепи.
Меѓутоа како партија и натаму немаат официјален став. Реџепи рече дека ако дојде до формирање на таква влада, ќе се одлучува во партијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.