По добиена пријава дека во холот на „Сити мол“ настапува бенд во живо, инспектори на Државниот пазараен инспекторат направиле контрола, но на лице место не го затекнале бендот.

Сепак, директорот на Инспекторатот, Стојко Пауновски најав строга казна доколку се повтори настап во живо во трговскиот, затоа што на сила е забраната за настапи на музички уметници на отворен и во затворен простор.

Ќе го затвориме целиот трговски центар доколку им се повтори да настапува бенд во живо. Инспекторите веднаш по дојавата отидоа на лице место, но забавата со бендот била завршена. Разговарано е со директорката која објаснувала дека уметниците седеле и дека имало контрабас, а не знаеле дека и такви настапи се забранети. Бидејќи не затекнале прекршување, инспекторите на директорката и објасниле дека секаков вид јавни настапи на уметници се забранети и укажале дека доколку им се повтори јавен настап, ќе го затвориме трговскиот – вели директорот Пауновски за „А1он“.

Проблемот настанал кога три девојки качени на бина со новогодишни песни ги забавувале купувачите во „Сити мол“.

Забраната за јавни настапи на уметниците, на отворен и на затворен простор е на сила од 21 октомври.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.