Поранешниот економски директор на ГАК Ваљон Беља поднесе четири нови кривични пријави против директорката Викторија Јовановска за злоупотреба на функцијата.
Беља тврди дека има докази дека Јовановска направила финансиски криминал и се пожали дека додека тој раководел со функцијата од нејзина страна не му бил дозволен увид во трошоците на гинекологија.
Денеска не добивме став од директорката Јовановска за новите кривични пријави против неа, пред десетина дена таа го обвини Беља дека и се заканувал бидејќи не сакала да вработи негови советници. Министерот за здравство Венко Филипче пак го повтори ставот дека Беља бил разрешен заради несоодветно однесување.
Екс економскиот директор на гинекологија Ваљон Беља минатата година во вооружена пресметка беше повреден во ногата, а пред неколку години е осуден на година и пол заради неовластено поседување на огнено оружје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.