Професорот Тито Беличанец, голем поддржувач на премиерот Зоран Заев и СДСМ, побара суспензија за целата ракометна репрезентација, бидејќи ја пееја македонската песна „Бисер балкански“.
Споделувајќи ја веста дека Борко и Стојанче ја пееја „Бисер балкански“ на „Фејсбук“, Беличанец побара македонските репрезентативци да бидат суспендирани.

Во коментарите под неговиот пост, пријателите го потсетуваат дека никој нема право да ти забрани песна.
Да не ја збараниле песнава случајно? Само комунистите забрануваа песни и вицеви за другарот чие име го носиш, му пишаа на професорот.
Ова не е првпат професорот да ги споделува своите радикалистички погледи на „Фесјбук“. Меѓудругото, тој смета дека треба да има чистка на сите граѓани кои не се за НАТО и ЕУ, како и дека во ред е што обезбедувањето на Заев пукаше во демонстранти.
Синоќа, пак, Беличанец го поздрави незаконитото потпишување и објавување во „Службен весник“ на Законот за јазици од страна на Талат Џафери.
АЈ ДА Е СО СРЕЌА, порача професорот од Правен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




Comments are closed for this post.