Професорот на Правниот факултет и самопрогласен политички аналитичар од граѓанскиот сектор, Тито Беличанец, на својот Фејсбук профил потврди дека со своите постови одработува агенди во корист на Зоран Заев и СДСМ.
Тој јавно, на својот Фејсбук профил објави дека Заев му се јавил со барање да не објавува ништо што некој би можел да го сфати како критика или навреда кон Бугарија, па ги избришал навредите кои, очигледно со ист таков повик почнал да ги објавува.
Беличанец многу често во јавноста се огласуваше со ставови речиси идентични и многу слично формулирани на тие што ги соопштуваше Заев или некој од припадниците на власта. Така беше и изминативе денови кога Белианец, слично како Заев, Димитров или Пендаровски, објавуваше критики на сметка на Бугарија, дека немала парво да стави вето на ЕУ-интегративниот процес на Македонија.
Од друга страна, пак, претходно, токму Беличанец, кој деновиве, парарелно со Заев, ја критикуваше Бугарија за недемократски принципи, беше еден од најжестоките во одбрана на Договорот со Бугарија против секого и се за што тој сметаше дека е против тој договор и бугарските интереси.
Меѓу другото, Беличанец жестоко реагираше на прославата на спортските успеси на нашите спортисти.
Истовремено, човек што се декларира за демократ, јавно повикуваше на линч на граѓани само поради нивниот став.
Ваквото нагло „менување на плочата“ и заземањето спротивен однос кон односот на Бугарија и пред се, неговото јавно признание дека објавува ставови или брише постови според желбите на Заев, јасно покажува дека Беличанец ја има улогата на марионета на Заев, затскриена во ликот на продемократски граѓански аналитичар и коментатор на случувањата во Македонија.
Оттука и не изненадува содржината на неговите постови во кои има исклучиво „фалење до небо“ на Зоран Заев.
Или остри критики и говор на омраза, пред се кон лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, но и кон секого што има спротивен став од тој на Заев и членовите на неговата власт.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.