Министерот за економија Крешник Бектеши вечерва го придружуваше кандидатот од ДУИ Алија Јахоски, кој прогласи победа на вонредните локани избори во Пласница. Бектеши рече дека над 85 отсто од гласовите завршиле на контото на нивниот кандидат.

Ова покажува дека ДУИ е најорганизирана партија во Македонија, но ова е и знак за локалните избори кои ќе се случат следната година дека ДУИ ќе победи во сите општини, почнувајќи од Општина Струга, па до Липково, рече Бектеши.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.