Сопственикот на фирмата „У Пауер“, Аријанит Џафери не се извинил зашто со удари по глава и по теело го нападнал претседателот на Регулаторната комисијата за енергетика Марко Бислимоски, дознава Дојче веле.

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска пред медиумите тврдеше дека Џафери се извинил за нападот кој се случи во вторникот пред полноќ во еден ресторан во скопско Дебар Маало.

Од Регулаторната комисија за Дојче Веле го демантираат Бектеши и велат дека тоа не е точно.

„Џафери не се извинил“.

Аријанит Џафери, син на поранешниот функционер на ДУИ Муса Џафери, вчера од заработи кривична пријава за насилство од МВР.

Тој самиот се јавил на разговор во полициската станица во Кисела Вода и во целост го признал делото.

Министерот за економија Крешник Бектеши го осуди физичкиот напад врз претседателот на Регулаторната комисија за енергетика.

Имав прилика вчера да го гледам видеото и секако ги осудувам таквите случувања. Мене ми е мило што вчера во разговор со Бислимоски слушнав дека веќе се извиниле за нападот што му го направиле.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.