На вчерашната конференција „Конзервативните народни партии градат мостови кон заедничка европска иднина“, на која присуствуваа ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците и Алтернатива, како и Демократската сестринска партија од Република Албанија, директорот на Фондацијата „Конрад Аденауер“ во Република Македонија, г-дин Норбер Бекман-Диркес изрази силно убедување дека само со заедничка соработка на центар-десно ориентираните партии може да се придонесе кон решавање на предизвиците и заеднички да се делува кон подобра и демократски обединета Европа во која Западен Балкан е важен дел.
Г-дин Норберт го изрази задоволството за одржување на настанот и истакна дека Фондацијата Конрад Аденауер останува да биде силен подржувач на водечките определби на европските народни партии и преку своето дводецениско присуство на Западен Балкан фондацијата спроведува акивности кои помагаат за зацврстување и надградба на идеолошките столбови на центар-десно ориентираните партии.
Државите од Западен Балкан мора да имаат јасна европска иднина и перспектива, народните партии со освоја иновативност и со подобрување на своите идеолошки столбови можат да ги решат големите предизвици на Европа во престојните години, посочи г-дин Бекман-Диркес.
Тој истакна дека ваквите настани го означуваат почетокот на новата ера на соработка помеѓу политичките партии со слични идеолошки ориентации.
Фактот што голем дел од партиите во Македонија се обраќаат на поедини етнички заеднички не треба да биде пречка за идеолошкото приближување и соработка, градење на мостови на соработка помеѓу нашата партнерска партија ВМРО-ДПМНЕ и нејзините идеолошки блиски партии како Алијанса на албанците и Алтернатива претставува природен чекор кој несомнено треба да произведе позитивни импликации, истакна Бекман-Диркес.
Г-динот Бекман – Диркес дополни дека блиската соработка помеѓу македонските и албанските партии ќе придонесат во намалување на етничките тензии и ќе ја зајакнат понатамошната наобразба на македонското општество согласно европските стандарди. Тој посочи со големо убедување дека силно верува во зацврстувањето на односите помеѓу центар-десно ориентираните партии кој е еден од најважните фактори од кои ќе зависи исходот и резултатите од некои наредни избори, како и тоа дека искуството и стручноста на Фондацијата е секогаш на располагање, со надеж за искрена соработка за подобра и демократски обединета Европа во која Западен Балкан претставува важен дел.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.