Бројот на починати во Македонија од Ковид-19 надмина 6.437. Ако оваа бројка не Ви изгледа страшно, замислете за само една и пол година да ни ги снема Крушево и Вевчани, пишува д-р Нико Беќаровски.

Премногу болно, премногу тажно. А дали можеше да биде помалку тажно?, прашува тој.

Да ги заборавиме на момент протоколите, кои според едни се премногу лабави, според други премногу рестриктивни, да ги заборавиме и здравствените работници, кои според едни се убијци, според други се херои, да го заборавиме и Министерот кој за некои е брилијантен, за други неспособен, да ги заборавиме и свадбите, журките, кафеаните, неодговорните граѓани, за момент да ги заборавиме и нечистиот воздух, нездравата исхрана, дијабетот, дебелината, хипертензијата итн.
Дали можеше оваа црна бројка да е барем сива ???
ДА, СЕКАКО !!!
Во Македонија од почетокот на јули вакцинацијата е слободна, без никакви термини и секој може да се вакцинира.
Во периодот од 10-ти август околу 1.000 наши невакцинирани граѓани починаа од Ковид-19, а можеа ако сакаа да бидат комплетно вакцинирани.
Сите досега објавени студии укажуваат дека ризикот од смртен исход кај вакцинираните е најмалку 11 пати помал.
Место 1.000 нови гробови и расплачени семејства, тој број ќе беше помал од 90.
Вчера починаа 42. наши граѓани, а не мораа, само МАЛКУ ДА И ВЕРУВАА НА НАУКАТА.
А можете ли само да замислите колку поубав и посончев ќе беше овој септемвриски ден, да бевме свесни како Данците и да имавме 81% вакцинирани, а не тврдоглави Балканци со само 37% вакцинирани, порачува докторот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.