Деновиве во Алтернатива се водат жестоки дискусии за можноста за спас на владата на Заев и Ахмети или останување во опозиција. Пратеникот Скендер Реџепи делува најгласен што се однесува на влегувањето во владата, а остро против се потпретседателите Зеќирија Ибрахими и Арбен Лабеништи и особено Беким Сали, кандидат за општина Чаир, дознава „Zyrtare“.
Сали дури и жестоко реагираше на поддржувачите на идејата за влез во владата. Тој никако не прифаќа да влезе во влада со оние кои најмногу ја имаат оштетено идејата за Алтернатива.
„Не можеме да бидеме заедно во владата со луѓе како Кастриот Реџепи и Изет Меџити“, рекол Беким Сали на една од средбите одржани во последните денови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.