Државната изборна комисија (ДИК) денеска му издаде уверение за пратеник на Бедри Фазлиу од ДУИ, кој во законодавниот дом доаѓа на местото на Фљорин Бесими.
Уверението за пратеник издадено од ДИК, треба да биде верифицирано од Собранието.

Фазлиу доаѓа од ИЕ6 од редовите на ДУИ.

Претходно, Собранието ја констатира оставката на Фљорин Бесими, која тој ја поднесе по реакцијата на  Антикорупциската комисија, бидејќи неговиот брат Фатмир Бесими треба да биде предложен за министер за финансии.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.