Во петокот во доцните попладневни часови, во придружниот објект на месната црква во Бардовци беше остварена средба на претставниците на жителите од населбата Бардовци кои веќе втор месец протестират пред институциите и на крстосниците, со министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, но и по неа

Единствена тема на разговор беше прифатниот центар за странци, мака која ја имаат бардовчани, против која се борат, проблем за кој велат дека освен за Бардовци, ќе го чувствуваат и општината Карпош и цело Скопје.

Протоколарниот, по малку предизборен говор на министерот за веќе познати работи, не беше одушевувачки и локалното населени смета дека присуството на сè уште актуелниот градоначалник и кандидатот за иден беа само предизборен декор од кој населението нема никаква корист. Истакнуваат дека актуелниот градоначалник не најде време за бардовчани цели два месеца, побитни му биле две коцки на плоштадот во Влае или две клупи, од проблемот што ја мачи цела населба, во чијашто близина и самиот живее.

„Министерот не успеа да одговори зошто се дојдени на средба, кога веќе се решени дека нема да направат помрднување од ставовите дека тука мора да се гради прифатен центар. Затоа што бардовчани не беа дојдени на состанок за да им се објаснуваат работи што ги знаат, туку да им се даде ветување дека проблемот ќе се реши. Спасовски одговори дека не можеле да престанат со градба, затоа што на 1,5 милиони евра европски пари, ние како држава ќе сме требало да вратиме 3 милиони, што не држи и треба дополнително да се провери. Но, клучно беше прашањето дали ние Бардовчани не вредиме 1,5 милиони евра колку што треба да се доплатат. Политичкиот одоговор беше дека и еден човек нема цена. Затоа, ние очекуваме да видиме дали Владата со следните чекори ќе нè продаде, или ќе застане зад нас, велат организаторите на средбата.

Додаваат дека единствено што може да се каже дека е светла точка на средбата е ветувањето на министерот дека ќе го постави прашањето за стопирањето на изградбата на прифатен центар за странци на првата наредна седница на Владата.

Затоа, ние граѓаните на Бардовци нема да престанеме со протестите, но не можеме да гарантираме до кога ќе бидат мирни како до сега, затоа што на народот му е доста од простестирање за основни човечки права! Горчината и револтот меѓу бардовчани останува и после протоколарниот состанок“, се додава во соопштението.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.