Средношколскиот сојуз ги повика матурантите да го бојкотираат почетокот на второто полугодие кое стартува во четврток.

Средношколците, како образложение го наведуваат неприфаќањето на нивните барања за намалување на бројот на предмети, кои треба да се полагаат на државната матура оваа година, од четири на два.

Одлуката за бојкот дојде откако образовните институции, односно Министерството за образование и наука и Државниот испитен центар (ДИЦ) не беа подготвени да соработуваат за нашите барања да бидат прифатени и истите успешно да се спроведат. Ги повикуваме сите матуранти да ни се приклучат! – се наведува во објавата на Сојузот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.