„Нека разберат клетите душмани“,„Никогаш северна, само Македонија“, „Македонија, Македонија“ и пеење на песните „Море сокол пие вода на Вардарот“ и „Едно име имаме“, започна протестот со кој се бара ослободување на осудените за упадот во Собранието на 27 април. На протестот се бараше и оставка на Владата.

„Бараме правично судење“, „Издржи тато“, „Ченто Прилеп е со тебе“ се само дел од транспарентите кои ги вејат присутните на протестите. Дел од нив ги носат македонското знаме и знамето од Вергина.

Мирен протест под слоганот „Демократија во Македонија и слобода за уставобранителите“ почна пред Владата, а ќе заврши пред Собранието.

Организаторите на протестот апелираат до сите учесници да се придржуваат на протоколите за време на пандемија и се оградуваат од навредливи скандирања и транспаренти на етничка и верска основа.

Вкупно 211 години затворска казна добија 16 обвинети за „Крвавиот четврток“, односно упадот во Собранието. Апелација во февруари годинава казните ги намали и сите осудени добија вкупно 188 години затвор. Сите беа осудени поради тепањето и крвавите инциденти кои се случија.

На протестот се присутни водачи на политички партии, пратеници, професори.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.