Повеќе барања испратија граѓаните на вечерашниот протест. Најважно е ослободување на уставобранителите кои според нив не се терористи и убијци туку патриоти.

Граѓаните побараа и распуштаање на владата и предвремени избори. Не беа заборавени ниту реформите на Мила Царовска и најавите за укинување на учебниците.

Пристутните се револтирани и од менувањето на дресот на фудбалската репрзентација кој од црвен стана бордо и без жолтото сонце.

Не го заборавија и референдумот за промена на името и најавите за укинување на македонскиот јазик  и историја по барање на Бугарија.

Не сакаме „администратори“ да ни бидат Атина и Софија“-порачаа граѓаните.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.