Лидерите на Алијанса на албанците и на Алтернатива, Зијадин Села и Африм Гаши, пратиле писмо до ДУИ, како одговор на поканата утре во 12 часот во хотелот Парк во Скопје да се сретнат лидерите на политичките партии на Албанците.

На средбата покрај Села и Гаши поканети се и лидерот на Беса, Билал Касами, и лидерот на ДПА, Мендух Тачи. Поканата за средбата се поклопува со денот на донесувањето на Рамковниот договор, 13 август со кој со покровителство на меѓународната заедница беше завршен воениот конфликт во 2001-та.

Во заедничкото писмо испратено до ДУИ Села и Гаши бараат од партијата на Ахмети да им ја кажат агендата односно дневниот ред на таа средба, за како што напишале, да имаат време да се подготват и истата, доколку се договорат, да биде по 17-ти овој месец. откако ќе бидат подготвени за неа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.