Судската администрација излезе на еден и пол часовен протест за да ја зголеми и онака големата плата на судиите. Судската администрација во режија на УПОЗ само го верификува она што судската фела и го сакаше, процентуална еднаквост на додатоците на плата, порачуваат од Синдикатот на администрацијата и државната управа на Македонија (САДУ).

Сметаме, се додава во соопштението на САДУ, дека со овој чекор се прави голема неправда и ќе доведе до изразена нееднаквост на и онака големата разлика во примањата ќе стане уште поголема.

– Бидејќи примањата на судиите се многу поголеми од вработените во судската администрација, додатокот на судија за ризик сега ќе изнесува 7.000 денари, а на судските службеници 1.500 денари, а замислете УПОЗ ќе креира еднаквост на штета на вработените во судовите, велат од САДУ и потенцираат дека додатоците на плата мора да бидат со исти реални вредности, бидејќи тие не се плата



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.