Министерството за финансии има задолжение да подготви и за наредната седница на Владата да достави уредба со законска сила со која правно ќе се нормираат обврските на банките во поглед на обврската за носење на заштитна опрема на вработените лица и начинот на имплементирање, број на лица во објектите согласно квадратурата на објектот, одржување на редот во и пред објектите и др., се вели во соопштението со денешните одлуки од 44. владина седница.
Исто така, се задолжува Министерството за економија да подготви и за наредната седница на Владата да достави уредба со законска сила со која правно ќе се нормира обврската за носење на заштитна опрема на вработените лица во економските оператори (дуќани, маркети, аптеки и сл.) и начинот на имплементирање, број на лица во објектите согласно квадратурата на објектот и др.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.